/. ПРОЕКТИРАЊЕ
Проектантските услуги започнуваат со анализа и советодавни услуги согласно спецификите на конкретната задача. Проектираме решенија согласно потребите и барањата на Инвеститорот, намената и специфичните услови на секоја локација, со цел да создадеме квалитетен простор за идните корисници. Нашата посветеност и искуство овозможуваат сите потенцијални предизвици на проектите да бидат предвидени и навремено надминати.
Иванов Инженеринг нуди комплетна изработка на проектна документација со сите фази преку соработка со инженери и професионалци од областа на градежништво, термотехника, електтротехника, сообраќај, противпожарна заштита, заштита при работа и енергетска ефикасност.
Консултантски услуги и одговор на барањата
Помош при процесот на дефинирање на проектната програма и понудување на решенија прилагодени на условите
Искуство во проектирање
Предвидување и навремено надминување на сите потенцијални предизвици
Инженерска прецизност
Разработка на проектите имајќи го предвид начинот на изведба и изборот на материјали
Комплетна фазна изработка на проектите
Машински, водоводни и електрични инсталации, сообраќајно решение, како и елаборати за енергетска ефикасност, заштита од пожар и заштита при работа